Македонија
21. February 2025 - 16:45

Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата

Масовна партизација или политички популизам што се крие зад најавата на вицепремиерот Меџити дека за една година ќе вработи илјадници нови албанци во администрација. На отворањето на новиот огранок на партијата со која раководи во Шуто Оризари им дал силно ветување на членовите дека за една година Владата ќе вработи повеќе Албанци отколку што се вработени во двата претходни мандати од другите албански партии. 

„ Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата“, изјавил Меџити.

Меџити по само неколку часа ретерираше пред медиумите и рече дека не се работело за масовно вработување туку само во секторот здравство каде со години имало луѓе кои работеле на договор на дело. 

Најавите за масовно вработување ги скара коалиционите партнери во Владата. Меџити да не се однесува како Алиса во земјата на чудата му порача неговиот колега министерот за администрација. 

„Изјавата на вицепремиерот Меџити на партиски настан за масовни вработувања во јавната администрација во период од една година е класичен пример на предизборен популизам, без никаква правна или институционална основа“,

Реакција упати и министерката за финансии која вели дека ниту има таков договор како што тврди МЕџити,  ниту пак таа  потпишала таква согласност за вработувања.

Од Владата засега нема реакција дали и каков договор бил постигнат и дали ваквите најави се согласно проекциите за вработување во администрацијата.