Влада: Јавноста е целосно информирана, решение е можно
На билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји. За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана, соопшти денеска прес-службата на македонската Влада.
- Изнаоѓањето взаемно прифатливо решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес. Потребна е добра волја и компромис од двете страни да се дојде до решение кое ќе ги почитува достоинството и идентитет на граѓаните на двете држави. За секој следен значителен исчекор во текот на преговорите јавноста ќе биде повторно целосно информирана, се наведува во соопштението од Владата.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори