-->
-->
„Виз Ер“ нуди бесплатен превоз за 100.000 украински бегалци
-->
Нискобуџетната европска авиокомпанија „Виз Ер“ (Wizz Air) најави дека ќе обезбеди 100.000 бесплатни места во своите авиони за превоз на украински бегалци.
Во соопштението на „Виз Ер“се наведува дека авиокомпанијата „се чувствува должна да им помогне на украинските бегалци да стигнат до нивната дестинација“.
Бесплатните места ќе бидат достапни во текот на март на летовите од Полска, од Словачка, од Унгарија и од Романија.
Според Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) повеќе од 660.000 луѓе ја напуштиле Украина, а најголем број од нив пристигнале во Полска (околу 450.000).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет