Македонија
9. February 2025 - 16:45

Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на локалните избори за 7 месеци, уверен е премиерот Мицкоски. Иако не откри дали во октомври партијата ќе излезе со обновена понуда на кандидати за градоначланици, или пак, најголем дел од тековните ќе влезет во трка за втор мандат, тој вели дека интерните анкети покажуваат четирикратна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред второрангираната партија. 

„Ние правиме редовно секој месец, најмалку две, а понекогаш и три мерења на јавното мислење преку одредени атрибути кои што ги тестираме преку одредени политики, да видиме дали сме на прав пат или не сме. И ценам дека досега од тие бројки кои што ги имаме од месец во месец сме се подобри. Јануари беше подобар од декември кој што беше најдобар. На последната теренска анкета која што ја добив рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија беше над 30 проценти, а втората партија беше со рејтинг од 6,8 проценти. Така што сега ако порано зборувавме за предност од 3:1, сега е повеќе од 4:1''.

Мицкоски вели дека до имињата на кандидатите ќе се дојде преку внатрепартиската процедура, но покрај анкетите и мислењето на граѓаните, предвид ќе биде земено и мислењето на членството.

Според вчерашаната анкета на ЛОКАЛНО.МК за градоначланик на Скопје, најпопуларни се кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.  Актуелниот министер за локална сампоуправа Златко Перински добил 18 проценти подршка, директорот на ЈПДП и поранешен градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, има 16.5 отсто, а актуелниот прв човек на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, е избор на 14 проценти од испитаниците. Над 10, односно 11,5 отсто има и екс градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов.

Перински иако ја искажа своја амбиција за прв човек на Скопје, сепак официјално се уште се држи до тоа дека кандидатот треба да го избере партијата.

Инаку според Анкетата најголем и најитен проблем за решавање е загадениот воздух, потоа сообраќајниот метеж и нечистотијата. А високи дури 68 отсто од жителите на Скопје воопшто немаат доверба дека актуелната градоначалничка Арсовска може да ги реши.