Тенис
9. July 2023 - 20:06

Вимблдон: Рубљов избори четвртфинале каде го чека Ѓоковиќ?

Одличен ден за руските тенисери на Вимблдон. Пласман во осминафиналето обезбеди и  Бугаринот Димитров додека кај дамите нова победа забележа 16-годишната Русинка Андреева. 
Возбудливи дуели се одиграа денеска на Вимблдон. Пласман во осминафиналето во меч кој траеше два дена избори бугарскиот тенисер Григор Димитров кој со 3-0 славеше против Французинот Тиафо. 
Најнеисвесно беше на мечот помеѓу Рубљов и Бублик каде рускиот тенисер ги доби првите два сета, но Бублик не се предаваше и успеа да израмни на 2-2 но немаше сили за целосен пресврт. 
Сензационална победа оствари Русинот Сафиулин кој е 92-ри во светот и успеа да го изненади Канаѓанецот Денис Шаповалов совладувајќи го со 3-1 во сетови. 
Вечерва се игра дуелот Ѓоковиќ- Хуркач. Српскиот тенисер доколку се пласира во четвртфиналето ќе игра токму против Рубљов. 
На женскиот турнир продолжува серијата на 16-годишната Русинка Мира Анреева која со убедлива игра во два сета ја елиминира сонародничката Потапова.  Американката Пегула исто така во два сета славеше против Лесиа Цуренко  од Украина.