Loading Video...
Тенис
26. December 2023 - 19:57

Промовирана монографијата по повод 70 години од формирањето на Тениската федерација на Македонија

Македонската тениска федерација денеска ја промовира монографија по повод 70 години од постоењето на овој спорт во Македонија и формирањето на федерацијата. 

          Автор на монографијата е  спортскиот новинар  од ТВ Сител Марјан Ников кој заедно со своите соработници направил вистински пресек на постигнувањата на овој спорт и сите учесници во развојот на тенисот во нашата држава.

          Во присуство на голем број тениски работници, гости и новинари свое видување на овој јубилеј и неговиот импулс за понатамошниот развој на тенисот во Македонија даде и претседателот на федерацијата Александар Ивановски.

          Лина Ѓорческа и Калин Ивановски се предводници на новата генерација тенисери кои со успех ја претставуваат Македонија на меѓународните турнири.  Лина Ѓорческа е оптимист дека македонскиот тенис ќе се развива многу побрзо во следните години.

          На Промоцијата на Монографијата беше претставен и видео материјал од најуспешните моменти на македонскиот тенис во изминатите 70 години.