Викендов казнети 121 возач поради преголема брзина
Во текот на изминатите денови (09, 10 и 11.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 121 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 78 возачи од кои: осум возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол и 70 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
-Исто така, исклучени од сообраќај биле 63 возила од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и 62 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци,еден возач поради неправилно престројување, осум возачи поради неправилно престигнување,еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило, информираат од СВР Скопје.
Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци. Во текот на изминатите денови издадени се 278 мандатни платни налози.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции
-
Системот „Безбеден град“ се проширува, казни на домашна адреса засега ќе нема
-
Спелеолошки истражувања во изворите во Црна Река