Македонија
21. September 2024 - 16:37

Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?

Наместо успешна приказна, македонските и бугарските политичари со средбата Силјановска-Радев успеаа одново да ги заладат односите помеѓу двете земји.    

Бугарскиот аналитичар Владимиров вели дека оправдани се реакциите за неистакнувањето на македонското знаме, потег кој смета дека Радев не го направил случајно.

Се додека и Македонија и Бугарија не се фокусираат на реалните проблеми на граѓаните, односите нема да се подобрат. Бугарија е во политичка криза која Владимиров не очекува да се реши ниту со претстојните избори, иако македонската влада се надева дека тие ќе донесат вистински партнер за разговори од другата страна.

Пропустот со македонското знаме на средбата Силјановска Радев изминатите денови повторно ги заостри тоновите на релација Скопје-Софија.

Додека земјава очекува извинување, Софија бара остакви од македонски функционери и исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија. Премиерот Мицкоски вчера ваквите барања ги нарече првоаприлска шега.