Фудбал
26. April 2017 - 0:46

(ВИДЕО) Виљареал славеше на гостувањето кај Атлетико Мадрид

 
 
 
Екипата на Виљареал непријатно го изненади Атлетико Мадрид во натпревар од 33.коло на шпанската Примера.
 
На средбата одиграна на „Висенте Калдерон“ во Мадрид, популарната „жолта подморница“ славеше победа со 1-0 со голот на Сориано во 82-минута.
 
 
 
На другите две средби од ова коло одиграни синоќа, Малага на гости ја победи Гранада со 2-0, а Спортинг Хихон и Еспањол одиграа без победник 1-1. 
 
Денеска се играат средбите:
19:30 Барселона - Осасуна
20:30 Валенсија - Сосиедад
20:30 Леганес - Лас Палмас
21:30 Депортиво Ла Коруња - Реал Мадрид
 
Двојките за во четврток се: 
19:30 Алавез - Еибар
20:30 Севиља - Селта Виго
21:30 Атлетик Билбао – Бетис