Видео пораки по повод Светскиот ден на искоренување на сиромаштијата
Светската банка по повод 17 - октомври Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата подготви видео со претставници на Владата и директорот на Светска банка во Македонија. Пораки за искоренување на сиромаштијата во Македонија во видеото упатуваат премиерот Зоран Заев, министрите за финансии Драган Тевдовски и за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот од Светска банка за Македонија Марко Мантованели.
Премиерот Заев посочува дека сиромаштијата не бира по вера и боја, секој може да настрада и затоа на секој треба да му се помогне.
- Денеска на Меѓуанродниот ден на сиромаштијата јасно порачуваме дека борбата против нееднаквоста е борба против сиромаштијата, вели Заев.
Тевдовски посочува дека Владата презема сериозни мерки за да се намали стапката на сиромаштија. Истакнува дека не само што дел од населението живее во сиромаштија, туку дека е значаен и бројот на сиромашни што работат со полно работно време.
Според Царовска најранливите се приоритет за Владата и наведува дека на крајот на 2018 година дел од најранливите ќе се активираат на пазарот на труд, а за дел ќе обезбеди минимален адекватен приход или ниво на социјални трансфери над линија на сиромаштија Таа потсетува на младите и женската популација.
За Мантованели високите стапки на невработеност кај младите луѓе и жените се предупредувачки знаци дека сите луѓе немаат пристап до исто ниво на можности.
- Сакаме да ги извлечеме овие луѓе од сиромаштијата во партнерство со македонското општество и владата, истакнува Мантованели
линк:http://www.worldbank.org/en/news/video/2017/10/17/end-poverty-day-ending-poverty-in-macedonia
Ново на Сител
-
Почнува фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори
-
Ќе обезбеди ли власта мнозинство за да спречи предвремени локални избори
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер
-
Се проширува пожарот во Мариово, два ер-трактори и полициски хеликоптери се неисправни
-
Ќе се замрзнуваат цените на производите ако трговците не ги поевтинат
-
Ниска цена за експропријација на земјоделско земјиште за новиот автопат Прилеп - Битола