Вес Мичел утре во Скопје, в четврток во Атина
Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите, ќе пренесе американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој утре доаѓа во Скопје.
Мичел во Скопје, како што веќе објави МИА, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
За спорот за името се очекува да се разговара и на средбите што американскиот помошник државен секретар на 15 март во Атина ќе ги има со претставници на Владата на Грција. Според најавата од Стејт демартментот, Мичел со грчките власти ќе разговара и за продлабочување на односите меѓу САД и Грција, зајакнување на билатералата соработка, особено во областите на одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите.
Мичел од денеска ја почнува својата турнеја по земјите од Балканот, која ќе трае до 17 март. Тој денеска пристигнува во Приштина, утре е во Скопје, а потоа ќе ги посети Белград, Атина и Никозија
Ново на Сител
-
На владина седница денеска се очекува да помине договорот за парите од унгарскиот заем наменети за компаниите
-
Украдени четири романски древни артефакти што биле позајмени на холандски музеј
-
Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка
-
Јувентус заинтересиран за шпанскиот тренер Чави Ернандез
-
Барселона прва стигна до 100 гола: Напаѓачите на Флик најефикасни во Европа
-
Трамп не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат
-
На северот на Газа се вратија над 300.000 раселени Палестинци
-
Средба меѓу Зеленски и Макрон за безбедносната соработка и натамошната поддршка за Украина