Велика Британија предупреди на можен терористички напад во Шведска
Велика Британија синоќа ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можен тероризам откако палењето на светите книги од антиисламските активисти ги налути муслиманите.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека шведските власти успешно спречиле некои планирани напади и апсења, пишуваат британските медиуми. „Треба да бидете внимателни во овој момент.
Терористите веројатно ќе се обидат да извршат напади во Шведска“, се наведува во соопштението и се додава дека целта може да бидат места што ги посетуваат странци.
Шведскиот владин советник за национална безбедност, Хенрик Ландерхолм, ја призна валидноста на изјавата на Велика Британија и повтори дека палењето на светата книга на Куранот ја загрозува безбедноста во неговата земја.
Ново на Сител
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб