Велигденска средба на дебарските верски старешини
Дебарските верски старешини ја продолжија вековната традиција на меѓусебно почитување и посети за верските празници. Муфтијата Хаџи Рамазан ефеди Хаса денеска го посети седиштето на Дебарската парохија во црквата „Света Петка“ и од името на исламските верници на намесникот Миле Ангеловски му ги пренесе честитките до него и православните верници.
- Ние сме денеска тука заедно за да им покажеме на сите дека улогата и вредноста на овие верски празници е да ги соединат луѓето, да изградат мостови на разбирање и соживотот и да создадат услови за рамноправност и сигурен живот меѓу луѓето. Апелирам верските празници да не ги злоупотребуваат оние кои не го сакаат соживотот, каде и да се, затоа што верските прописи порачуваат единство, толеранција и соживот меѓу народите, без разлика на верската и националната припадност затоа што сите луѓе имаат исто потекло од еден татко и мајка, рече муфтијата Хаса.
Заблагодарувајќи се на посетата и честитките, намесникот Ангеловски посочи дека она што е наследено од постарите и младите го негуваат како светост.
- Ова е моја прва средба како намесник по повод празник со муфтијата, но ние секојдневно комуницираме. Убеден сум дека и ние младите ќе продолжиме по патот на кој не научиле нашите постари. Дебар е пример за тоа што значи верска толеранција и соживот, рече Ангеловски, кој од неодмана е нов намесник на Дебарската парохија.
Заедничка порака на старешините и нивните соработници од средбата е Дебар да биде пример за цела Македонија, регионот и светот, како може да се почитува и живее заедно.
Ново на Сител
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце