Вдовицата на Брајант: Влегувањето во Салата на славните е врв на неговата кошаркарска кариера
Петкратен шампион, 18 пати избран во „Ол стар“ натпреварот, во просек по 25 поени, 5,2 скокови и 4,7 асистенции по натпревар во текот на 20 сезони. Ова се само некои од бројките на раскошната кариера на Коби Брајант, кој беше избран за место во кошаркарската Сала на славните.
За жал, нема да го слушнеме и да го видиме говорот и формалното прифаќање на Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа со неговата ќерка Џана, на 26 јануари.
Во интервју за ЕСПН, вдовицата на Коби, Ванеса Брајант, собра сила да ги сподели своите размислувања за постигнување на нејзиниот сакан.
– Тоа е неверојатно достигнување и чест. Ние сме крајно горди на него. Очигледно, би сакале тој да беше тука со нас за да прослави. Дефинитивно ова е врв на неговата кариера во НБА лигата. Секое достигнување што го имаше како спортист беше негов избор. Затоа ние сме крајно горди на него“, рече Ванеса.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје