Важноста на истечените пасоши на нашинците во странство ќе биде продолжена до крајот на годината
За да им се излезе во пресрет на нашите државјани во странство чии пасоши се истечени или нивната важност истекува годинава, ќе бидат извршени законски измени со што важноста на овие патни документи ќе биде продолжена да крајот на годината, најави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој нагласи дека наши дипломати со мобилни тимови ги сликаат нашинците во странство за да им издадат нови пасоши, со што досега се издадени над 7 000 патни документи, но дека има проблем со македонските држајавни со истечени пасоши што се во Кина.
– Ако мобилните тимови отидат во Кина да ги сликаат 12-те наши државјани, ќе треба да бидат 30 дена во карантин. Затоа најдовме друго решение, Министервото за внатрешни работи да го продложи рокот на важноста на пасошите до крајот на годината, со измена на Законот, за да може граѓаните да ги искористат сегашните пасоши со изминат рок, изјави Османи.
Тој истакна дека сака да ги демантира гласините оти има проблеми со замената и издавањето на пасошите на нашите државјани во странство и оти тоа е масовна појава.
– Наједноставен начин е со една законска измена да го продолжиме траењето на нивните пасоши до крајот на годината, изјави Османи, додавајќи дека сепак светот е во кризна ситуација со пандемијата со Ковид-19 и мораме да се адаптираме на кризните услови.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време