Османи на неформалниот министерски состанок на НАТО во Берлин
Во Берлин денеска продолжува состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој учествува и шефот на дипломатијата Бујар Османи, со фокус на руската воена инвазија врз Украина и потенцијалните импликации од војната врз сојузниците, како и претстојниот самит на лидерите на Алијансата во Мадрид.
На дводневниот состанок се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.
На маргините на состанокот Османи вчера имаше билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ.
– Европа и светот се соочени со исклучителни надворешно-политички и безбедносни предизвици од геополитички аспект и наједноставниот пат за демонстрирање на стратешкото лидерство на Европската Унија и нејзиниот кредибилитет е преку ефектуирање на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија, заклучи Османи.
Како што соопшти МНР, на средбата стана збор и за актуелните состојби во Украина, при што министерот Османи и во оваа прилика најостро ја осуди воената инвазија на Русија врз Украина, особено бруталните убиства на цивили, нагласувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО и кредибилен кандидат за членство во ЕУ има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија.
На средбата со неговиот црногорски колега Ранко Кривокапиќ, Османи истакнал дека заокружувањето на взаемните стратешки цели на двете земји за членство во ЕУ, со војната во Украина добиваат важна, ако не пресудна, безбедносна и геополитичка димензија, истакнал Османи.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево