-->
-->
Ватфорд го победи Ливерпул
-->
Екипата на Ливерпул го претрпе петти пораз во Премиер лигата, откако загуби на гостувањето кај Ватфорд со убедливи 3:0.
На средбата од 17.коло во фудбалското првенство на Англија, Ватфорд до осмата победа стигна со головите на, Неитан Аке (3-минута) и двата погодока на Нигериецот, Одион Игало (15 и 85). Со новите три бодови, ватфорд сега се проби на седмото место на табелата со само еден бод помалку од Кристал палас, манчестер Јунајтед и Тотенхем, кој се рангирани од четвртата до шестата позиција.
На вториот меч одгран попладнево меѓу Свонси и Вест Хем немаше постигнат гол (0:0).
На натпреварите одиграни вчера, беа постигнати овие резултати: Челзи - Сандерленд 3:1, Евертон - Лестер 2:3, Манчестер Јунајтед - Норвич 1:2, Саутемптон - Тотенхем 0:2, Стоук Сити - Кристал Палас 1:2, В.Б.А. – Бурнемут 1:2 и Њукасл - Астон Вила 1:1.
17-тото коло ќе биде заокружено утревечер со дербито во Лондон, меѓу второ и трето пласираните екипи, Арсенал и Манчестер Сити.
Табела: Лестер 38 бодови, Арсенал 33, Манчестер Сити 32, Тотенхем 29, Манчестер Јунајтед 29, Кристал Палас 29, Ватфорд 28...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024