Loading Video...
Ракомет
8. March 2020 - 18:42

Вардарци со гол предност се враќа од Нашице по првиот четвртфинален меч во СЕХА лигата против Нексе

 
 
Актуелниот европски и СЕХА првак Вардар забележа победа  во прв натпревар од 1/4-финалето во регионалната лига. 
 
Вардарци гостува во Нашице кај хрватскиот тим Нексе кој место меѓу осумте најдобри обезбеди откако во осминафиналната рунда го елиминира вториот македонски претставник битолски Еурофарм Пелистер, а црвено црните го совладаа со минимални 31:30. 
 
Иако во најголемиот дел од мечот домаќините имаа предност, а во 44-тата водеа и со 4 гола разлика (25:21), вардарци успеаја да се врата во игра па веќе во 50.минута стигнаа до израмнување 26:26. 
 
Две минути подоцна имаа и два гола предност (29:31), но до крајот на мечот не успеаја да постигнат уште некој гол. Напротив. Благодарение на одбраната на Борко Ристовски европскиот првак со еден гол предност (31:30) ќе го чека  реванш дуелот во Скопје. 
 
Ристовски средбата ја заврши со седум одбрани, а најефикасен беше Дибиров кој постигна 12 (без промашување), додека Скубе беше стрелец на шест гола.  
 
Комплетни резултати на првите дуели од 1/4 финалето во СЕХА лигата
Недела 
НЕКСЕ –  ВАРДАР 30-31 
ВОЈВОДИНА –  ВЕСПРЕМ 26 – 31 
Сабота 
БРЕСТ МЕШКОВ–  МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ   30 – 28 
ТАТРАН ПРЕШОВ –  ППД ЗАГРЕБ   21 – 25 
 
Решаваш дуелите ќе се играат од 11 до 15 март,. а вардар својот меч против Нексе во „Јане Сандански“ ќе го игра во недела .