Loading Video...
Ракомет
19. September 2023 - 20:01

ЛШ: Е.Пелистер утре му гостува на данскиот Алборг

Ракометарите на Е. Пелистер утревечер во 20.45ч го играат првиот натпревар на гостински терен во ЛШ. 
Битолчани по стартниот пораз пред својата публика очекуваат подобро издание против силниот дански тим кој пред две сезони играше финале во ЛШ. 
Во редовите на македонскиот шампион ќе настапи и Данецот Јохан Нилсен кој говори со респект за составот на Алборг:
„Ќе биде интересно да се вратам во Данска и да играм за странски клуб. Ќе биде поинакво искуство, доаѓаме како македонски шампиони и ќе мора да го предизвикаме Алборг, иако тие имаат светска класа ракометари на сите позиции. Ќе биде многу тешко, ама очекувам да пружиме отпор“- изјави на прес конференцијата Нилсен.