Фудбал
26. February 2025 - 16:06

Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија

Со победа од 1:0 против Силекс, Вардар обезбеди место во полуфиналето на купот на Македонија.

Струга на свој терен беше подобра од Гостивар со голот на Кехинде, додека Шкендија благодарение на Шала го доби второлигашот Детонит.

Екипата на Брера беше подобра во пенал-дуелот против Арсими.

Резултати:

Брера Струмица - Арсими 4:3 (1:1)
Детонит Плачковица - Шкендија 0:1
Струга - Гостивар 1:0
Вардар - Силекс 1:0