Трамп: ЕУ е создадена за да ја искористува Америка, ќе воведам 25 отсто царини за автомобили
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска во Вашингтон изјави дека Европската Унија е формирана за да ја „искористува“ Америка, најавувајќи воведување царини од 25 отсто за автомобили и „и други работи“.
– Европската Унија е создадена за да ја искористува САД, тоа е нејзината цел, и добро го направи тоа, изјави Трамп пред новинарите на својот прв состанок на Кабинетот во Белата куќа.
Тој зборуваше за своите планови да воведе високи царини за автомобили и други производи, обвинувајќи ја ЕУ за нефер трговски односи со САД. Според него, трговскиот суфицит на ЕУ во однос на САД е експлоататорски.
Трамп изјави дека веќе донел одлука за воведување царини и дека официјалната најава ќе следи „многу скоро“.
– Ќе биде 25 отсто, генерално гледано, и тоа ќе важи за автомобилите и други производи“, рече тој, не прецизирајќи дали царините ќе важат само за европскиот увоз или за увозот низ целиот свет.
– ЕУ навистина нè искористува, продолжи Трамп. – Не прифаќаат наши автомобили, не прифаќаат речиси ништо од нашите земјоделски производи. Секогаш наоѓаат причини зошто не, а ние прифаќаме сè од нив, тврди американскиот претседател.
И покрај критиките кон ЕУ, Трамп додаде дека ги сака европските земји.
– Мислам, јас сум од таму… во некој момент одамна, индиректно… добро, и прилично директно, претпоставувам. Но, ги сакам европските земји, рече тој.
Мајката на Трамп е родена во Шкотска, додека неговиот дедо по таткова линија имигрирал од Германија.
Сепак, веднаш потоа двапати повтори дека ЕУ е формирана за да ги „зафркне“ САД.
На прашањето што ќе се случи доколку ЕУ воведе одмазднички царини, Трамп одговори: Не можат. Може да пробаат, но не можат.
– Може да пробаат, но бројките никогаш нема да бидат еднакви на нашите, бидејќи ние можеме да ги исклучиме од трговијата. Ние сме „златниот рудник“, ние сме тие што сите ги сакаат, изјави тој.
– Можат да воведат царини, но тоа нема да биде успешен одговор, затоа што ние едноставно ќе прекинеме да купуваме. Ако тоа се случи – ние победуваме, заклучи Трамп.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна
-
Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата
-
Трамп: ЕУ е создадена за да ја искористува Америка, ќе воведам 25 отсто царини за автомобили
-
Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица
-
Дончиќ за мечот против неговиот поранешен тим Далас: Имаше многу емоции, мило ми е што победивме
-
Полицијата во Германија во состојба на зголемена приправност по закани за напади на карневалите
-
Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за 53-годишник од Делчево
-
Затвореник почина во Идризово