Македонија
1. March 2024 - 12:19

Ванковска и Јакимовски на чекор до 10.000 потписи

Тече рокот во кој кандидатите собираат потписи. Според последните информации од ДИК најблиску до потребните 10.000 потписи се професорката Билјана Ванковска и градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски. До 20 часот вчера Ванковска има собрано 9722 потписи, додека Јакимовски собрал 9265 потписи.

Сосема извесно е дека Ванковска и Јакимовски се следни кои ќе им се придружат на Димитриевски, Таравари и Османи кои веќе обезбедија влез во претседателската трка. Останатите кандидати се се уште далеку од целта.

Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат промовирани викендов за кога двете партии закажаа конгреси.

Крајниот рок за собирање на потписи е 8ми март.