Вакцината на Новавакс 96 отсто ефикасна против оригиналната верзија на коронавирусот
Вакцината против Ковид-19 на „Новавакс“ е 96 проценти ефикасна во спречување на инфекцијата предизвикана од оригиналната верзија на коронавирусот во последното испитување спроведено во Велика Британија, соопшти компанијата.
Вакцината, исто така, има ефикасност од околу 86 проценти во заштитата од позаразната варијанта на вирусот, која првпат беше откриена и сега е распространета во Велика Британија.
Во одделно испитување во Јужна Африка, каде волонтерите првенствено беа изложени на другата понова, позаразна варијанта која циркулира таму и се шири низ целиот свет, вакцината имаше ефикасност од околу 55 проценти
И во двете испитувања, вакцината беше 100 проценти ефикасна во спречување сериозни болести и смрт.
Резултатите од финалната анализа на истражувањето во Велика Британија претежно беа во согласност со привремените податоци објавени во јануари, кои исто така покажаа дека вакцината на „Новавакс“ е 96 проценти ефикасна против оригиналната верзија на коронавирусот и околу 86 проценти ефикасна против британската варијанта.
Компанијата очекува да ги искористи овие информации за да аплицира за одобрување во различни земји. Не е познато кога ќе побара одобрување во САД ниту дали американските регулатори ќе бараат да заврши истражувањето што е во тек таму.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа