Балкан
12. September 2015 - 10:24

Ужасна глетка: Детето гледало како камионот го гмечи неговиот татко

Гледав како големиот резервоар од камионот ја гмечи главата на мојот татко. Не можеше ни збор за исусти, а јас бев неможен, не можев да му помогнам. Таа сцена нема да ја заборавам додека сум жив- вели низ солзи 16-годишниот Петар, син на Војкан Вукиќ (40) кој загина откако врз него падна камион тежок неколку тони.

Страотната несреќа се случила во дворот од семејната куќа на Вукиќ во селото Добрујевац кај Алексинац. Несреќниот човек во среда околу 18 часот со пријателите го поправал камионот. Меѓутоа тешкашот од неколку тони во еден момент се лизнал од дигалката и буквално го згмечила.

Се лизнал на страна

-Татко ми очајно се обидуваше да се извлече кога камионот почна да се лизга на стрна. Фалеа само десетина сантиметри да се спаси, гребеше со нозете и рацете по земјата за да излезе, но камионот беше побрз- низ плач раскажува синот Петар, кој и натаму е во шок поради ужасната глетка на која присуствуваше.

Таткото на настраданиот Драган Вукиќ (63) вели дека се обидел да го опомене синот и неговите пријатели дека му се присторило како камионот да е лошо подигнат, но несреќата, за жал била побрза.

-Имаше нешто расипано во задниот дел од камионот, па ги извадија тркалата и на дигалка, потпрена на дрвени гредички, ја поткренаа десната страна. Во тој дел дворот не е рамен. Војкан се пикнал од левата страна за да ги погледа кочниците од задниот дел зошто од некоја цеква течеше масло - раскажува Драган кој во тој момент бил зад куќата.

Штом слушнал врескање, дошол, но за жал било доцна.

Му немало спас

Кога дојдов мојот син веќе беше мртов. И да имавме со што да го поткренеме камиот, не можевме да го спасиме зошто работ од резервоарот му ја притисна главата кај увото и буквално го сплеска. Крв му течеше и од носот и од устата. Повикавме итна помош, ама лекарот само констатираше смрт. Се се случи затоа што бевме невнимателни, вели Драган.

Војкан со сопругата и двата сина живеел заедно со таткото Драган и мајката Јосифка. Соседите велат дека Вукиќ со напорна работа стекнал углед и истакнуваат дека биле добро и чесно семејство.

Сопругата на трагично загинатиот Војкан Валентина вели дека нејзиниот сопруг бил автопревозник и дека со тоа се занимавал 15 години.

-Работеше напорно и го издржуваше семејството. Беше искусен во работата и не можам да сфатам како се случи трагедијата. Се плашам за синот пред кого се случи несреќата. Детето е исплашено и кој знае дали ќе го преживее тоа што виде како смртта му го зеде таткото - вели расплаканата жена.