Утре предвремени парламентарни избори во Азербејџан
На утрешните предвремени парламентарни избори во Азербејџан право на глас ќе имаат 5.329,460 избирачи, соопшти денеска претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) Мазихир Панахов.
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, издаде наредба за распуштање на парламентот на 5 декември минатата година, а парламентот речиси едногласно го побара тоа од него откако премиерот поднесе оставка.
Околу 1.314 парламентарни кандидати учествуваат на предвремените парламентарни избори во Азербејџан, додека вкупно 2.431 лица се пријавиле да се кандидираат на парламентарните избори.
Партијата со најголем број кандидати на парламентарните избори во Азербејџан е Нова партија на Азербејџан (НАП), потврди Панахов и додаде дека тие имаат 122 кандидати.
Партијата Мусават (Еднаквост) има 23 кандидати за парламентот, Партијата Умид (Надеж) – 19 кандидати, Партијата на азербејџански народен фронт – 13 кандидати, а Обединетата азербејџанска партија – 12 кандидати.
Речиси 90.000 локални набудувачи се акредитирани за предвремените избори, а Панахов истакна дека бројот на меѓународни набудувачи кои добиле акредитација е 883. Тие претставуваат 59 меѓународни организации од 58 држави, а претседателот на ЦИК потенцира дека целта е да се обезбеди транспарентност на изборниот процес.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана