Утре не очекува стабилно време
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб, но попладне во западните делови ќе дува умерен на моменти и засилен ветер од западен и југозападен правец кој ќе биде повеќе изразен во планинските делови.
Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од 17 до 22 степена.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветар од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час. Во сабота кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта кон недела ќе се прошират насекаде. Во недела претпладне во западните делови се очекуваат нешто пообилни врнежи од дожд, а попладне на повисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.
Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.
Ново на Сител
-
Матични лекари не пропишуваат од новите лекови на Позитивната листа поради технички проблеми
-
Нова компресорска станица за хирургија на Клинички идната година
-
Таравари: Премногу се драматизира со бранителите
-
Вработените во JCП повторно останаа без плата – Најави за блокади на раскрсници во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа