Loading Video...
Фудбал
13. March 2023 - 18:13

Утре и во среда реванш дуели од осминафиналето во Лигата на шампиони

Она што во наредните денови ќе го привлече вниманието на спортската јавност секако се реванш осминафиналните дуели во фудбалската Лига на шампиони

Утревечер ќе ги дознаеме преостанатите четири патници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. 

На програмата се реванш дуелите во Манчестер каде Сити и Лајпциг ќе започнат со 1-1 резултат од првата средба во Германија, додела Порто пред својата публика ќе треба да надополни еден гол негатива од мечот во Милано, каде загуби од Интер со 1-0.

Реал речиси е сигурен четвртфиналист. Само чудо може да го спаси Ливерпул кој на гостувањето во Мадрид патува со негатива од 2-5 од првата средба на „Олд Трафорд“. 

И Наполи на Ељиф Елмас е на чекор до осумте најдобри. Наполитанците покрај предност од 2-0 на дуелот во Франкфурт, ќе играат само пред домашните навивачи бидејќи локалните италијански власти им забранија на навивачите на Ајнтрахт да купуваат кари за овој натпревар.  

Како што пренесуваат италијанските медиуми, ваквата одлика се доќи на инцидентот на првиот натпревар на кој девет лица беа приведени, а неколкумина последно повредени.

Сите натпревари ќе започнат во стандардниот термин од 21 часот.