Утре без струја дел од корисници во неколку скопски општини
Поради зафати во електро-системот утре од 12 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Тетовска“ во Општина Центар, а од 9:30 до 15 часот од улиците „Рељо Шесто Крило“, „Метохиска“ и „Индира Ганди“ и корисниците од ул. „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари.
Според Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, утре од 09:30 до 14:30 часот ќе нема струја во Батинци и дел од село Љубош, во општина Студеничани, од 8 до 16 часот дел од корисниците од улиците „Козле“, „Милан Марковиќ“ и „Илија Плавев“ во Општина Карпош, од 12 до 14 часот на ул. „Кавалска“ во општина Кисела Вода, од 9 до 14:30 часот дел од Старата Скопска Чаршија во Општина Чаир, од 8:30 до 12 часот од ул.„Димо Хаџи Димов“ во Општина Кисела Вода, од 8:30 до 12 часот „3-та Македонска Бригада“ во општина Аеродром и од 9:30 до 15 часот Бул. „Илинден“ бр.90 и 92 и околината во општина Центар.
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања