Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
Собранието нема да постапува по акти на други институции , туку по закон и Устав, вели собранискиот спикер откако Уставниот суд му даде рок од 6 месеци да се направат измени на КЗ. Според Гаши до Парламентот нема испратено никаков допис со таква содржина, но вели постапката за менување на закони е јасна- кривичниот законик ќе се менува само ако стигне иницијатива од пратениците.
Од Уставен не одговорија на ваквите изјави на Гаши, ниту дали воопшто е испратено некакво известување до Парламентот.
Уставните судии пред две недели изразија сериозен сомнеж за уставноста на Кривичниот закон во целина и донесоа одлука да му наложи на Собранието во рок од 6 месеци да ги направи неопходните измени и да се усогласи со аргументите на Судот. По истекот на рокот доколку од Собрание не стигне никаков извештај уставните судии на седница треба да донесат конечна одлука дали ќе го поништат или укинат кривичниот законик.
Министерството за правда пак веќе работи на нов Кривичен законик, кој според најавите треба да биде донесен во текот на годинава.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар