Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром и Карпош, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од Горно Лисиче во делот од „биолеб“ до половни Автоделови „VOLKSWAGEN АЛЕК“ во Општина Аеродром.
Во периодот од 09:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Козле“ од бр.135 до бр.170 во Општина Карпош.
Поради промена на затварач ф 2“ на ул. „Црвена Скопска Општина“ бб утре без вода ќе останат корисниците од оваа улица, Министерството за транспорт и околните деловни објекти во Општина Центар. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул. „Дренак“ бр. 2а без вода од 09:00 часот ќе останат корисниците од ул. „Дренак“ и „Јужен Булевар“ во Општина Кисела Вода.
Поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул. „Славејко Арсов“ бр.15 од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. „Славејко Арсов“ бр.15 во Општина Центар.
Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул. „Максим Горки“ бр.14 од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од истата улица во Општина Центар.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции