Уставниот суд алармира за побрз избор на судии, ниту една точка не доби мнозинство на денешната седница
Уставниот суд денеска ја одржа дванаесеттата седница за 2022 година на која присуствуваа сите петмина судии. На дневен ред беа ставени три иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата на граѓанин, но за ниту една од точките не се донесе одлука/решение поради недоволното мнозинство на гласови. Ова е прва седница на Судот на која не се донесе ниту една одлука или решение од точките предвидени на дневен ред.
Уставниот суд повторно алармира за сериозноста на ситуацијата зашто, наведува, доведено е во прашање носењето одлуки поради некомплетниот состав веќе неколку месеци.
-Се работи на граница на кворум за одржување седници. Повеќе од 30 предмети за кои не е добиено мнозинство во изминатиот период чекаат комплетен состав на уставни судии. Состојбата загрижува со оглед дека остануваат голем број предмети поради недобиено мнозинство, а постои опасност иницијативите кои во меѓувреме пристигнуваат да треба да чекаат повеќе од предвидениот период за ефикасно решавање кое Судот го предвиде во годишната програма, информира Уставниот суд и воедно известува дека предметите од денешниот дневен ред, ќе бидат повторно ставени на гласање на некоја од наредните седници кога ќе има комплетен состав.
Ново на Сител
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо