Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав
Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет уставни судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста, информираат од Уставен суд. Оттаму дополнуваат дека тоа нема да биде во октомври, бидејќи е најавено отсуство на дел од судиите.
- Предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста. Во текот на следниот месец, октомври, предметот не е предвиден за дневен ред на некоја од седниците поради најавеното отсуство на дел од судиите кои се потврдени како говорници на меѓународни настани надвор од државата, но и поради приватни причини. Веднаш штом ќе биде ставен на дневен ред, јавноста ќе биде информирана, велат од Уставен суд.
Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, а е оформен од 2019 година.
- Со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми. Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам, кажа во интервју за МИА претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
Собранието во март 2018 година го донесе новиот Закон за употреба на јазиците, со кој се проширува службената употреба на албанскиот јазик во целата држава. Претходниот закон го дефинираше албанскиот јазик како официјален јазик, но само на територијата на која Албанците сочинуваат повеќе од 20 проценти од локалното население.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза