Уште три нови термички фасади во Карпош
Општина Карпош ќе обезбеди заштеда на електрична енергија и за станарите на три згради во Карпош 3. Станува збор за реконструкција и поставување термички фасади на кулите на улицата „Драгиша Мишовиќ“, односно на станбените објекти со број 4, 8 и 12.
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски изјави дека фасадите имаат топлинска изолација. Според него, тоа значи дека граѓаните ќе имаат во зимно време заштеда за греење, а во летно време заштеда за ладење.
- Вкупната инвестиција е 13,7 милиони денари, а работата ја извршува фирмата „Електроводомонт“, рече Јакимовски.
Тој ги потсети граѓаните кои немаат аплицирано за реконструкција на покриви, тоа да го направат што поскоро, со цел во наредните 30 години, станбените објекти да бидат во добра состојба. По отпочнувањето на градежните работи, изработката се очекува да заврши за околу 60-тина дена.
Од општина Карпош информираат дека во моментов се работи на 30 фасади на згради на нејзина територија.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза