Уште еден актер од „Беверли хилс“ тешко болен
Шенон Доерти, ѕвездата на тинејџерската серија „Беверли хилс“ во последните две години помина низ најтешкиот период од нејзиниот живот додека се бореше со агресивниот рак на дојката, кој се прошири и на лимфните жлезди.
Актерот кој ја глумеше нејзината прва и голема љубов Дилан, од рутински преглед дозна дека неговото здравје е влошено.
По колоноскопијата, на Лук Пери му беа откриени предтуморни израстоци на неговото дебело црево.
После прегледот тие биле отстранети, а актерот сега сака да ја зголеми свеста кај луѓето и да ги натера почесто да се прегледуваат.
– Во моментов во Америка живеат 23 милиони луѓе кои би требало да одат на овај преглед, а не биле. Да чекав, би се соочил со сосема друго и многу полошо сценарио – вели Пери, додавајќи дека ракот на дебелото црево е најлесен за откривање, но затоа, пак, е втор најсмртоносен.
Пери од корен го променил својот животен стил и исхраната.
– Сосема го намалив внесот на црвено месо, а некогаш јадев само бифтек и компири. Сега јадам многу риба, необработени житарици и храна богата со влакна – вели Пери.
Актерот апелира и дека постои и непријатна, но многу важна работа што секој треба да ја прави
– Moрате да ја проверувате вашата столица. Луѓето не сакаат да зборуваат за тоа, но се работи за спасување на животи – вели Пери, кој се уште стравува дека болеста може да му се врати.
Ново на Сител
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата