Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
Невакцинирани, со хронични дијагнози и лабораториски потврден грип завршуваат на Инфективна. Со ваква анамнеза се десетината пациенти кои во моментот се хоспитализирани во клиниката и имаат потреба од болнички третман. Кај низ сезонскиот вирус дополнително ја влошил здравствената состојба а најчестата компликација е пневмонија.
- Најмладиот ако може тка да кажам има 68 години. Имаат хронични заболувања а потврдена е и инфлуенца. Епидемиолошките анкети при прием покажуваат дека тие не се вакцинирани пациенти а се во ризичната група која треба пред почетокот на сезоната да биде вакцинирана, вели д-р Фадил Цана, директор на Клиника за инфективни болести.
Од Инфективна велат дека е очекувано бројките на пациенти да бидат зголемени и дека засега нема отскокнувања од ланската сезона. Не само кај лица со коморбидитети, туку и кај болни кај кои има сериозни отстапувања при лабораториските анализи и клиничката слика, од амбуланта на Инфективна завршуваат во болничка соба.
- Чекаат неклку дена, се самолекуваат дома и кога ќе видат дека нешто не иде на добро, тогаш директно сде јавуваат кај нас. Со уапти и во редовнитењ термини немаме, сите доаѓаат самоволно, вели д-р Цана.
Последниот извештај на ИЈЗ покажа дека во последната недела бројот на пријавен исо грип е над 3000, што е најмногу на неделно ниво во оваа сезона. Има и двајца поцинати во болнички услови.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар