Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
Ја злоупотребиле постапката за договор за јавна набавка и јавниот повик и вградиле несоодветни материјали во фасадата на Владата – обвинителството поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против четири лица.Со своите постапки ја оштетиле државата со повеќе од 1 милион евра.
Според доказите на Обвинителството, првообвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги во 2013-та свесно ја прекршил постапката за јавна набавка склучувајжи договори со три правни лица кои немал намера да ги ангажира во реконструкцијата.
По склучување на договорот за јавна набавка, обвинетиот не постапил по договорите за заеднички настап, според кои правните лица како членови на група економски оператори ставајќи ги на располагање своите техничко-технолошка опрема, кадар и финасиско-економски ресурси, требало да изведуваат дел од работите доколку бидат доделени на правното лице чиј управител е обвинетиот. Со преземените дејствија обвинетиот за друштвото со кое управувал остварил имотна корист од поголеми размери во износ од 470.018.103,00 денари.
Заедно со управителот, обвинети се и тројца поранешни функционери и надзорници, кои според ОЈО од 2013-та до 2016-та дозволиле штетни и незаконски активности. Трето и четврто обвинетите како одговорни лица во надзорот не ги исполниле своите обврски и не проверувале дали вградените материјали се соодветни на проектните барања.
Во периодот од месец мај 2013 до крајот на октомври 2016 година, обвинетите – директор на владина служба, управител на правно лице задолжено за стручен надзор над работењето на фасадата и илуминација на објектот на ВРМ и главен надзорен инженер, со умисла поттикнати од првообвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги – изведувач на проектот, со намера нанеле значителна имотна штета на средствата на Буџетот на Република Македонија во износ од 184.015.304,00 денари.
Со ова нанесена е значителна штета на државата бидејќи елементи од несоодветни материјали биле вградени во фасадата велат од Обвинителството.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар