Уште десет дена поднесување барања за земјоделски субвенции
Земјоделците имаат уште десет дена за поднесување барања за субвенции. Крајниот рок е 30 јуни.
На барање на Министерството за земјоделство, Владата минатиот месец го пролонгираше рокот поради пандемијата.
Првично, рокот за аплицирање за финансиска поддршка беше до 31 мај.
-Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство во соработка со Агенцијата за финасиска поддршка поднесе барање до Владата за продолжување на рокот кое беше прифатено, информира тогаш МЗШВ.
Министерството апелира земјоделците да го искористат продолжениот рок и да аплицираат електронски на www.ipardpa.gov.mk, а доколку не можат или не знаат како, да се обратат во подрачните единици на МЗШВ каде ќе добијат помош.
Барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, додека барањата за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на аплицирањето.
Пред да поднесат барања за субвенции, земјоделците треба да ги ажурираат податоците за да бидат точни и целосни информациите во сите системи од каде Платежната агенција потоа ги презема. Потоа може преку веб страницата на Агенцијата електронски да поднесат барања со претходна регистрација во системот и клик на банерот „директни плакања” – е-барање.
За финансиска поддршка во земјоделството оваа година се предвидени 3.723.103.000 денари, а аплицирањето почна на 5 април 2021.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати