Проектот „Добредојде бебе“ достапен во сите породилишта во државата
Родителите кои имаат новороденчиња ќе можат во сите 17 породилишта во државата да го добијат изводот на бебето уште додека мајката е во породилиштето. Со тоа, проектот „Добредојде бебе“, којшто беше промовиран пред две недели, станува достапен во сите породилишта низ државата.
Ова денеска го промовираа заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски и директорот на Управата за водење матични книги Ѓоко Котевски кои ја посетија Општата болница во Куманово.
- На мајките им се нуди можност, во рок од 48 часа, пред да бидат испишани од породилното одделение да добијат извод од матичната книга на родените. Услов е да се приложат личните карти на двајцата родители, кои треба да имаат одредено име на детето. За таа цел, тим од МојТермин, во изминатиот период ги посети сите породилишта во државата, беа одржани повеќе обуки за вработените и во практика се тестираше издавањето извод за родители кои тоа го сакаат, изјави Чакаровски.
Досега се издадени 91 извод на новородени на жени породени во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) и во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. На Клиниката за гинекологија, од вкупно 466 новороденчиња, услугата ја искористиле 33 родители, а во Специјалната болница во Чаир од вкупно 391 новороденчиња, извод уште во породилиште добиле 58 новороденчиња.
Оваа новина Министерството за здравство ја реализира во соработка со Управата за електронско здравство МојТермин, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда-Управа за водење матични книги. Со оваа новина се олеснува постапката за издавање извод на родени и се овозможува родителите да не одат по шалтери во институциите, туку при испис од породилиште да го добијат изводот од матичната книга на родените доколку изразат желба за тоа и доколку ја имаат потребна документација.
Ново на Сител
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
-
ДУИ: Волјата на албанскиот народ не е играчка што припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ
-
Груевски: Откако СДСМ ги загуби изборите монструмот Добрила Кацарска во обид да се прикаже како жртва
-
Во сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит
-
Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања
-
Приведени крадци, одземеното возило вратено на сопственикот