Македонија
9. November 2015 - 17:02

Уривањето и подривањето на институциите од СДСМ потикнува насилство врз нив

СДСМ не работи на смена на власта, туку перманентно работи на уништување на државните институции. Поттикнуваат и овозможуваат секој да може да плука и пука.

Последните случувања во здравството, кога за инцидент кој го предизвикал роднина на пациентка, СДСМ го обвинува министерот Никола Тодоров, се само дел од мозаикот на рушење на институциите од СДСМ и Соросовите активисти.

Освен во здравството, ваквите случувања до сега можеа да се забележат и во образованието, судството, медиумите, културата, и во сите можни сфери кој ја градат државноста на Република Македонија.

За потсетување, СДСМ и Сорос организираа протести на студентите преку таканаречената организација Студентски Пленум која подоцна се појави на централниот митинг на опозицијата на 17 мај. По урнекот на Студентскиот, СДСМ формираше и Средношколски пленум, кој заедно со професори од СДСМ работеше против реформите во средното образование.

Последно случување е атакот на активистите на СДСМ кон директорка на центрарското училиште 11 октомври, која се соочува со организиран линч, поткрепен со државни ресурси на институциите во општина Центар.

Ваквата атмосфера која СДСМ ја креира,  придонесе за се почести физички напади над професори од средношколци, само во 2014 имаше десетици примери.

Организираа и протести против државната телевизија МРТ, предизвикаа нападина новинари кои се критички настроени кон нив. На што имаше и жестока реакција од новинарската фела. Воедно, СДСМ е единствена партија во светот која организирала протест против приватен медиум а тоа е протестот во 2011 година.

Партијата на Заев заедно со соросоидите, работеше и на минирање на работата на полицијата. Во екот на терористичкиот напад во Куманово, функционерите на СДСМ ги нарекуваа македонските специјалци воени злосторства, а нивните медиуми ги откриваа позициите на полицијата.

Во Судството СДСМ секогаш протестира кога е фатен во криминал некој кој важи за близок до нив. Од Шекеринска, Заев, па се до Шиповиќ и Велија Рамковски – секогаш кога некој од СДСМ е фатен во тесно партијата почнува да работи на уништување на судскиот систем во државата.

Парадоксално , но за секоја сообраќајка во Скопје опозиционирете го обвинуваат Коце Трајановски, а за секој починат во државата министерот за здравство Никола Тодоров.

Атмосферата која ја креира СДСМ, постојано води до инциденти како денешниот, затоа што опозицијата како мета ги има државните институции и професионалците кои работат таму во интерес на државата, а не во интерес на СДСМ, Соросоидите и македонската олигархија.