УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци (UNRWA) процени дека 250.000 лица ќе бидат приудени да го напуштат Кан Јунис, откако израелските власти издадоа нова наредба за евакуација на градот.
„Само неколку недели откако луѓето беа принудени да се вратат во опустошениот Кан Јунис, израелските власти издадоа нови наредби за евакуација на областа.
Повторно, семејствата се соочуваат со принудно раселување. Проценуваме дека 250. 000 лица ќе мора да побегнат. Иако никаде не е безбедно во Газа “, напиша УНРВА на мрежата Х.
Пред само неколку недели, Кан Јунис беше напуштен откако израелските напади оштетија или уништија куќи и згради. -Тоа е уште еден удар за луѓето и семејствата.
Се чини дека тие се насилно раселени повторно и повторно, рече високата офицерка за комуникации во УНРВА, Луиз Вотериџ.
Ново на Сител
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР