Свет
18. September 2015 - 10:02

Унгарија почна да крева ограда и на границата кон Хрватска

Унгарија почна да крева ограда и долж границата со Хрватска за да го пресече дотокот на мигранти, и веќе распоредила стотици војници и полицајци, информира премиерот Виктор Орбан на унгарското национално радио, пренесоа британските медиуми.

Орбан прецизира дека оградата долж критичната 41 километар долга гранична отсечка, во која двете земји не се разделени од река, ќе биде завршена во кратки рокови.

-Треба да ги спроведеме истите мерки како долж српско-унгарската граница, рече Орбан, додавајќи дека во моментов 600 војници работат на оградата и дека подоцна денеска треба да бидат испратени уште 500, додека за време на викендот се очекуваат и нови 700 војници.