Уметничка акција „Облечете папучи и Седете дома”
На плоштадот „Македонија“ се одвива акцијата „Облечете папучи и Седете дома“.
Организаторите на акцијата информираат дека оваа акција е наменета за да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата. Велат дека за претставување на оваа интервенција ги избрале папучите кои претставуваат синоним за останување дома, како неизбежен дел од „домашната мода” за време на изолација.
– Со оваа акција како и со претходната акција („Држете растојание”) сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка, но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала. Како и претходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре за сите нас, велат организаторите на акцијата.
Оттаму велат дека оваа акција е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух