Украински војници убиени при напад на сепаратистите кај Доњецк
Украинските власти соопштија дека петмина војници на Армијата на Украина загинале денеска во престрелка северно од градот Доњецк.
Како што јави Би-Би-Си, ова е најголем дневен биланс на жртви годинава,
Проруските сепаратисти убиле четворица војници од заседа кај месноста Веркнеторецкоје, близу градот Авдивка. Петиот војник загинал откако со возилото наишол на нагазна мина.
Украинскиот армиски портпарол Олександр Мотузјаник го потврди бројот на жртвите. Тој вели и дека претходно денеска имало провокации од сепаратстите кон армиските трупи.
Истиот извор тврди дека биле убиени и двајца сепаратисти.
Претставникот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Едуард Басурин соопшти дека двајцата сепаратиситчки борци загинале при гранатирање од страна на украинските сили.
Тој исто така, додаде дека вчера сепаратистите одбиле еден напад на украинската војска која се обидувала да продре меѓу градовите Авдивка и Јасинувата.
Ново на Сител
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот