Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
Украинската армија ги отфрли тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека украинските сили во руската област Курск се опколени од руската армија, нарекувајќи ги „лажни“.
Украинскиот Генералштаб соопшти дека украинските трупи се повлекле на „поволни позиции“ и дека нема ризик од нивно опколување.
„Извештаите за наводното опколување на украинските единици во регионот на Курск се неточни и се создадени од Русија за политички цели и притисок врз Украина и нејзините партнери, стои во соопштението.
Украинската војска информира дека „се прегрупирала“ и продолжува да се брани, притоа нанесувајќи загуби на руската страна.
Од почетокот на денот се водат 13 борбени судири во секторот Курск. Нема закана од опколување на нашите единици, се наведува во соопштението.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска рече дека побарал од рускиот претседател да ги поштеди животите на украинските војници.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки