-->
-->
Украдени плановите за обезбедување на Олимписките игри во Париз
-->
Чантата му припаѓа на инженер вработен во Градското собрание на Париз. Овој 56-годишник и објаснил на полицијата дека завчера наутро ја ставил торбата во багажниот простор над седиштето во возот.
Исчезнувањето на вредната торба го открил кога поради доцнењето сакал да се префрли во друг воз.
Истрагата ја води сообраќајната полиција, на која инженерот и потврдил дека во чантата го носел својот работен компјутер и два УСБ со чувствителни податоци, т.е. плановите за обезбедување на Летните олимписки игри во Париз, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август.
Париз ќе мобилизира околу 2.000 агенти за обезбедување на Олимпијадата, со вкупно 35.000 припадници на безбедносните сили кои ќе бидат на должност секој ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Андоновски: Со или без балансер правична застапност треба да има
-
Филипче: Власта има обврска да сподели информации
-
Наскоро нови 500 милиони евра од Унгарија
-
ДКСК: Синот на Мицкоски сам си платил за престојот во САД
-
Раскинат договорот со фирмата која ги хранеше војниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Аналитичари: Ако се укине балансерот, можни се турбуленции во политиката
-
Мајка и ќерка пронајдени мртви во тетовско Слатино