УЈП: Преку „Мој ДДВ“ за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека преку мерката „Мој ДДВ“ за првото тримесечје од годинава на граѓаните им вратени вкупно 491,5 милиони денари.
Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во изминатите месеци направиле корекции на трансакциските сметки и ги ажурирале во нивниот кориснички профил.
УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата „Мој ДДВ” со цел навремена исплата.
Крајната горна граница на исплата што граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ“ е 1.800 денари за едно тримесечје или 7.200 денари годишно по лице.
Согласно статистиката на УЈП, во првите три месеци од годинава, од јануари до март се скенирани 73 041 591 фискална сметка.
-Интересот на граѓаните за користење на оваа мерка секојдневно расте и само во првото тримесечје од годинава регистрирани се нови 15 777 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, а вкупниот број на регистрирани корисници досега изнесува 457 090, наведува УЈП.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка