УХМР објави вонредна временска прогноза
Во поголемиот дел од земјава денеска преовладуваше променливо облачно време со сончеви периоди, во североисточните делови значително облачно, претпладнето во регионот на Крива Паланка со повремен слаб дожд. Дуваше умерен на повеќе места повремено засилен северен ветер, особено во источните делови и вдолж Повардарието така во Штипскиот регион и Скопската котлина повремено достигнуваше брзина до 50км /час . Попладнево ветерот се засилува и во Штипскиот регион достигнува брзина до 60 км/час а во Струмица до 80 км/час.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Променливо облачно со сончеви периоди, во североисточните делови значително облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во источните делови и вдолж Повардарието ( над 70 км/час). Во текот на ноќта лачноста постепено ќе се намалува и ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието и источните делови.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Т-мин. од -3 до 4 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 15 до 22 степена.
Во Скопје сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите од 2 до 20 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре и во почетокот на работната седмица облачноста ќе се намалува, утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст и ќе го надминат дваесетиот степен, особено во југоисточните делови од земјава.
Ново на Сител
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода