Македонија
26. March 2025 - 8:11

На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска

Факултетот за музичка уметност од Скопје информира дека денес на ден 26 март 2025 година со почеток од 13:00 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата и непреболена вонр. проф. м-р Сара Пројковска – Николовска.

Меѓу жрвите од оваа страшна трагедија во Кочани беа седум членови од тимот на ДНК. Покрај главниот вокал, Андреј Ѓорѓиески, меѓу загинатите се и Филип Стевковски, Андреј Коларов, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Сара Пројковска, Игор Велков и Мартин Атанасовски – Буцо. Владимир Блажевски-Панчо е хоспитализиран со изгореници. Тој е надвор од животна опасност.