УХМР објави нова прогноза
- Повремени врнежи од дожд и снег на високите планини, најавуваат за утре од УХМР.
Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни и локално околу 20 литри на метар квадратен, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјата. Ќе дува и засилен јужен ветер.
Во петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на некои повисоки места во западните делови.
За време на новогодишниот викенд времето ќе биде стабилно и суво. Во сабота ќе дува умерен северен ветер, а во недела и понеделник по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Во текот на новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно со температура која ќе биде во интервал од минус четири до три степени.
Минималните температури ќе се движат во петок од минус два до четири, сабота од минус четири до два, недела од минус седум до нула, од минус пет до еден и вторник од минус шест до нула. Дневните ќе се движат во петок од три до 10 степени, во сабота од еден до осум, во недела од четири до 10 степени, понеделник од шест до 12 и во вторник од пет до 11 степени.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот