Loading Video...
Свет
28. April 2024 - 16:47
Преглед на вестите од светот
Торнадо го погоди јужниот кинески град Гуанжу, при што загинаа најмалку пет лица а беа повредени 33. Штети претрпеле најмалку 140 производствени хали и погони соопштија локалните власти, потенцирајки дека ниту една станбена зграда или куќа не се урнала при вчерешното невреме. Според Сеизмолошкиот институт, торнадото било на ниво 3, што е две нивоа под највиското. Пред само една недела, Гуанжу беше погоден од пороен дожд, што предизвика големи поплави во кои загинаа четири лица , а повеќе од 100 000 жители беа евакуирани.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->